ПРВ.мк
Свет

ДРАМА НА НЕБОТО: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на „Виз Ер“ - мистериозен детал ја крена тревогата!

ДРАМА НА НЕБОТО: Израелски борбени авиони пресретнаа авион на „Виз Ер“ - мистериозен детал ја крена тревогата!
Kristal

Вистинска воздушна драма се одвивала над Средоземното Море откако авион на авиокомпанијата „Виз Ер“, кој летал од Лондон кон Тел Авив, бил пресретнат од израелски борбени авиони и под засилени безбедносни мерки бил спроведен до аеродромот во Тел Авив.

Инцидентот се случил во неделата попладне, откако била активирана безбедносна тревога поради наводно заканувачка порака поврзана со мобилен телефон во авионот. Како што пренесува британскиот весник „Сан“, вознемиреноста ја предизвикало дете кое на телефонот на своите родители го преименувало Wi-Fi hotspot-от со арапскиот збор „терорист“.

Според информациите, родителите на детето се ултраортодоксни Евреи, а преименувањето било направено без нивно знаење, што довело до сериозна безбедносна реакција.

Податоците од платформата FlightRadar покажале дека авионот трипати кружел над Средоземното Море, јужно од Кипар, додека безбедносните служби во воздухот и на земја ја проценувале ситуацијата и потенцијалната закана.

Леталото на крај безбедно слетало на аеродромот „Бен Гурион“ во Израел, каде патниците биле пречекани од безбедносни служби и кучиња обучени за откривање експлозив.

Портпарол на Управата на аеродромите во Израел потврдил дека стравот бил неоснован и дека не постоела реална закана за безбедноста на летот.

Инаку, сличен инцидент бил регистриран и на 15 јануари на лет од Истанбул кон Барселона, кога еден од патниците го променил името на својата интернет мрежа со назив што содржел закана за бомба, што исто така предизвикало итна безбедносна постапка.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo