Двајца прилепчани се уапсени откако повредиле лице со остар предмет.
Според полицијата, на 08.02.2026 година околу 20:00 часот на ул. „Дабничка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ф.А. (40) и И.Џ. (27), двајцата од Прилеп.
Тие се сомничат дека истиот ден, во населбата „Три багреми“, со остар предмет нападнале С.А. (36) од Прилеп и му нанеле повреди.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

















