Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот, В.В. од Гостивар пријавил дека на потегот помеѓу селата Трново и Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала гранатите, кои се од кинеско производство, за понатамошно вештачење и целосно расчистување на случајот.

















