ПРВ.мк
Македонија

ДОНЕСЕНА ПРЕСУДА: Еве колку е осуден Стојанче Зарков кој ја закла сопствената мајка!

ДОНЕСЕНА ПРЕСУДА: Еве колку е осуден Стојанче Зарков кој ја закла сопствената мајка!
Kristal

Стојанче Зарков, штипјанецот кој минатиот август во алкохолизирана состојба ја убил својата 84-годишна мајка, доби доживотна казна затвор.

На судењето, Зарков тврдеше дека не се сеќава дали ја убил мајка си и објаснуваше дека тој ден ги извршувал секојдневните обврски, купил храна и лекови за неа и излегол на кафе. Вечерта се вратил дома, а кога влегол во другата соба ја слушнал мајка си како вика. Кога влегол кај неа, забележал дека од вратот ѝ тече крв и веднаш повикал брза помош, а пристигнале и полиција и јавен обвинител.

Сепак, доказите јасно покажаа дека Зарков е извршител на убиството – пријавил на итната помош: „Ја прободев несакајќи мајка ми, или ќе преживее или нема“. Вештачењето на ножот и ДНК анализата на крвта и отисоците на ножот го потврдија неговиот учинок.

Стојанче Зарков е познат во Штип како поранешен угостител и сопственик на кафеаната „Гроф“, која долги години работеше во штипската чаршија.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo