ПРВ.мк
Свет

ДРАМА НА НЕБОТО: Гром удри во авион среде бурa!

ДРАМА НА НЕБОТО: Гром удри во авион среде бурa!

Шокантни сцени забележани непосредно по слетувањето го открија целосно уништениот преден дел од полниот патнички авион во кој за време на летот удри гром. Леталато на авиокомпанијата „IndiGo“ се наоѓало на височина поголема од 5.000 метри кога, среде силен град, во него удрила силна молња.

Силното празнење предизвикало исклучително ретко структурно оштетување со какво што експертите се среќаваат само во најекстремни случаи. Капетанот на авионот од типот Airbus, кој сообраќал на линијата од индискиот град Патна кон градот Лакнау, бил принуден веднаш да изведе принудно слетување на северот од Индија. За среќа, леталато ја допрело пистата под целосна контрола на екипажот, и тоа дури осум минути пред планираното време.

Чудо на височина: Сите преживеаа без ниту една гребнатинка

Во моментот кога се одвивала вистинската драма, во авионот се наоѓале 104 патници и шест членови на екипажот. Благодарение на исклучително професионалната реакција и присебноста на пилотите, сите луѓе излегоа од оваа застрашувачка ситуација без ниту една повреда и безбедно го напуштија авионот.

Меѓутоа, фотографиите и снимките направени веднаш по запирањето на авионот оставаат без здив. Вистинските размери на штетата покажаа дека предниот заштитен капак на радарот (таканаречениот радом) по ударот од гром и град останал целосно згмечен и вдлабнат кон внатрешноста, изгледајќи речиси како згмечен лист хартија. Надлежните служби за безбедност во сообраќајот веднаш го исклучија авионот од употреба сè додека не се заврши комплетната поправка.

Се огласи авиокомпанијата

По овој инцидент, се огласи и самата авиокомпанија со официјално соопштение за јавноста:

„Летот IndiGo 6E 625 за време на приодот за слетување се соочи со исклучително неповолни временски услови, вклучувајќи и силен град, што доведе до оштетување на носната купола на радарот“, се наведува во соопштението.

Претставниците на компанијата истовремено потврдија дека вонредниот настан веднаш бил пријавен кај надлежните органи.

„Авионот безбедно слета и сите патници се искрцаа на својата крајна дестинација во Лакнау. Леталато ќе биде подложено на неопходно техничко одржување и ќе биде вратено во редовен сообраќај дури по добивањето на сите потребни дозволи“, додаде портпаролот на компанијата „IndiGo“.

Исклучително редок инцидент и покрената истрага

Овака сериозни оштетувања предизвикани од удар на гром се сметаат за вистинска реткост во модерната авијација. Сите управувачки системи, сензори и електрични инсталации на современите авиони се исклучително добро заштитени од електромагнетни бранови, а самиот удар од гром нема предизвикано катастрофална несреќа уште од 1963 година.

По овој повод реагираше и Индиската управа за цивилно воздухопловство (DGCA), која официјално покрена истрага. Експертите и инспекциските тимови детално ќе го испитаат прецизниот тек на летот, како и сите околности под кои дошло до вака драстично оштетување на предниот дел од авионот.