ПРВ.мк
Црна Хроника

Полицијата ги забележала на улица со сомнителна торба – внатре 10 килограми амфетамин

Полицијата ги забележала на улица со сомнителна торба – внатре 10 килограми амфетамин

Белградската полиција уапсила две лица осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, при што биле запленети околу 10 килограми амфетамин.

Акцијата ја спровеле припадници на Полициската станица Звездара, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград.

Според соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, полицајците на улица ги забележале Б.К. (42) и В.Ј. (22), кои со себе носеле торба.

При проверката, во торбата била пронајдена поголема количина наркотична дрога, за која се наведува дека станува збор за околу 10 килограми амфетамин.

Двајцата веднаш биле уапсени.

По налог на надлежното обвинителство, на осомничените им е определено задржување до 48 часа.

Тие, заедно со кривична пријава, ќе бидат спроведени во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Истрагата продолжува со цел да се утврди потеклото на дрогата и нејзината понатамошна намена.

Најнови вести