Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази загриженост дека кризата меѓу Израел и Иран може да го одвлече вниманието и воената помош од Украина.
Тој предупреди дека израелските напади врз Иран предизвикаа нагол пораст на цените на нафтата, што без ефикасни „ограничувања на цените“ ѝ дава поголеми приходи на Русија од продажбата на нафта.
„Русите стануваат посилни благодарение на повисоките приходи од извозот на нафта“, рече Зеленски, додавајќи дека воведувањето ограничувања би ја намалило цената и ризиците, иако можат да се обидат да ги заобиколат.
Тој исто така потенцираше дека порастот на цените на нафтата е економска корист за Русија и штета за Украина. Зеленски предупреди дека поддршката на Европа за Украина слабеe без силна поддршка од САД, и дека Европа не е одлучна што ќе направи доколку САД се повлечат.
Украинскиот претседател најави дека ќе инсистира на воведување ограничувања на цените за руската нафта и нови санкции против рускиот енергетски сектор во преговорите со САД.
„Наскоро ќе бидам во контакт со американската страна, ќе го покренеме ова прашање“, заклучи Зеленски.