ПРВ.мк
Свет

Неверојатна приказна: Најдобриот африкански судија запрен на граница

Неверојатна приказна: Најдобриот африкански судија запрен на граница

Фудбалскиот судија од Сомалија, Омар Абдулкадир Артан, остана без можност да суди на Светското првенство откако американските власти не му дозволиле влез во САД.

Артан, кој минатата година беше прогласен за најдобар африкански судија, требаше да биде дел од судиската листа на претстојниот Мундијал и да го дели правдата на натпревар од групната фаза меѓу Чешка и Јужна Кореја.

Сепак, по пристигнувањето на аеродромот во Мајами, му бил одбиен влез поради мерките што американската администрација ги применува кон одредени држави, меѓу кои е и Сомалија.

По неуспешниот обид да влезе во земјата, судијата бил принуден да се врати во својата татковина преку Истанбул. По пристигнувањето во Могадишу бил пречекан од стотици граѓани кои со национални знамиња му изразиле поддршка.

Од ФИФА потврдиле дека Артан нема да биде дел од Светското првенство, со што пропаднала можноста тој да стане првиот Сомалиец кој судел на најголемата фудбалска сцена.

И покрај разочарувањето, 44-годишниот судија им се заблагодарил на ФИФА и на сите кои му дале поддршка, изразувајќи надеж дека во иднина повторно ќе добие можност да биде дел од најголемите светски натпреварувања.

ФИФА засега не соопшти кој ќе биде неговата замена на турнирот.