ПРВ.мк
Свет

Макрон: Иднината на Украина треба да ја одлучуваат самите Украинци

Макрон: Иднината на Украина треба да ја одлучуваат самите Украинци
Kristal

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Украина не може да се решава без учество на самите Украинци, кои повеќе од три години се борат за својата слобода и безбедност. Неговата изјава следува неколку дена пред закажаната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

Макрон преку социјалната мрежа X нагласи дека „иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците. Тие се во првите редови на борбата за слобода и безбедност“. Тој додаде дека и Европејците мора да учествуваат во решавањето на конфликтот, поради значењето на безбедноста во регионот.

Претходно, Макрон имал телефонски разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер, со цел ускладување на позициите пред дипломатските преговори.

По овие разговори, Зеленски нагласи дека Украина, Франција и другите партнери се посветени на постигнување вистински мир.

Средбата меѓу Путин и Трамп е закажана за петок во Алјаска, при што Путин инсистира на целосна руска контрола над источните региони Донецк и Луганск, што украинскиот претседател категорично го одбива.

FixCredit
Atensa 300
Escape