ПРВ.мк
Магазин

200 ГОСТИ И МЕНИ ОД 30.000 ЕВРА: Вака ЈК и Душко ќе го прослават полнолетството на ќерката

200 ГОСТИ И МЕНИ ОД 30.000 ЕВРА: Вака ЈК и Душко ќе го прослават полнолетството на ќерката

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, на 7 септември ќе го прослави својот 18. роденден со голема прослава во еден од најлуксузните хотели во Белград. Истата вечер ќе се слави и 17. роденден на нејзината сестра Ника, која е родена на истиот датум една година подоцна.

Според српските медиуми, на адресите на околу 200 гости веќе биле испратени покани. Меѓу нив се членови на семејството, пријатели, соработници, колеги, како и пријатели и соученици на Атина и Ника.

Само свеченото мени наводно ќе чини околу 150 евра по гостин. За 200 присутни тоа значи дека Јелена и Душко би можеле да издвојат околу 30.000 евра само за храна и пијалаци, без останатите трошоци за организација, декорација и сценографија.

Менито ќе биде богато и разновидно. Меѓу специјалитетите се најавуваат суши, чаден лосос, шафранско рижото, бифтек со тартуфи, морски плодови, патка, потаж од аспарагус, мини-бургери, сарма, скара со кајмак и бројни други јадења. Ќе има и посебна вегетаријанска понуда.

За десерт се планирани повеќе видови торти, мус од бело чоколадо, профитероли, овошни десерти и други слатки, додека од пијалаците ќе се служат француски шампањ, италијански вина и различни жестоки пијалаци.

Карлеуша откри дека таа ја презела организацијата на прославата, додека Тошиќ е подготвен да учествува во покривањето на трошоците.

„Без разлика дали сме во добри односи или не, секогаш сум велела дека Душко е фантастичен татко и дека децата многу го сакаат“, изјавила Карлеуша.

Таа најави дека прославата ќе изгледа „како од бајка“, додавајќи дека Атина и Ника немале големи барања – Атина посакала розова, а Ника сина боја.