ПРВ.мк
Свет

Американски воен транспортен авион слета во Москва? Песков вели дека нема информации!

Американски воен транспортен авион слета во Москва? Песков вели дека нема информации!

Американски воен транспортен авион „Boeing C-17A Globemaster III“ наводно слетал на московскиот аеродром Внуково, откако претходно полетал од Рига, објави руската агенција РИА Новости.

Според информациите што ги пренесува агенцијата, авионот полетал од главниот град на Латвија околу 8:50 часот, а во Москва пристигнал околу 10 часот по локално време.

Податоците за претходните летови на авионот наводно покажуваат дека тој пристигнал во Рига на 23 август од воздухопловната база Ендрус во близина на Вашингтон.

Станува збор за една од најпознатите американски воени бази, која ја користат високи американски функционери и од која оперираат авиони поврзани со претседателските патувања.

Засега нема официјално објаснување за евентуалната цел на летот кон Москва, ниту информации за тоа што или кого превезувал авионот.

Дополнително внимание предизвика реакцијата на Кремљ. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, изјавил дека нема информации за пристигнување американски воен транспортен авион на Внуково.

„Не, немам такви информации“, одговорил Песков на новинарско прашање за наводното слетување.

Така, околностите околу летот и причината за евентуалното пристигнување на американскиот воен авион во Москва засега остануваат нејасни.