ПРВ.мк
Свет

НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: Иран отвори шест аеродроми - што значи ова за светот?

НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: Иран отвори шест аеродроми - што значи ова за светот?

Иран делумно го отвори својот воздушен простор, дозволувајќи меѓународни летови над источниот дел од земјата, соопштија тамошните власти.

Според информациите, повторно се активирани шест аеродроми, меѓу кои и главниот аеродром во Техеран. Ова доаѓа во контекст на нестабилната состојба на Блискиот Исток и последните договори за прекин на огнот.

Паралелно со ова, се бележи и обновен поморски сообраќај во Ормускиот теснец, каде конвој од осум танкери поминал низ овој клучен транспортен правец. И покрај тоа, голем број бродови сè уште остануваат заглавени во Персискиот Залив поради претходните ограничувања.

Ситуацијата останува променлива, бидејќи во регионот и понатаму има политички тензии и несогласувања околу контролата на стратешките рути за транспорт на нафта и трговија.