ПРВ.мк
Свет

ЕУ НЕ ПОПУШТИ: Остануваат правилата што им носат пари на патниците - Ова се деталите

ЕУ НЕ ПОПУШТИ: Остануваат правилата што им носат пари на патниците - Ова се деталите

Патниците кои патуваат со авион низ Европската Унија и понатаму ќе имаат право на паричен надомест доколку нивниот лет доцни повеќе од три часа, откако земјите членки постигнаа договор да не се менуваат постојните правила за компензација.

Со ова останува во сила регулативата која важи повеќе од две децении и според која патниците можат да добијат надомест од 250 до 600 евра, во зависност од должината на летот и околностите на доцнењето.

Во изминатите години постоеја иницијативи за промена на правилата, со предлог прагот за исплата на отштета да се зголеми од три на четири часа доцнење. Дел од авиокомпаниите бараа и намалување на максималниот износ на компензација. Сепак, по долгите дебати и реакциите од организациите за заштита на потрошувачите, беше донесена одлука сегашните права да останат непроменети.

Освен задржувањето на компензациите, новите предлози предвидуваат и поголема транспарентност при купување авионски билети. Авиокомпаниите ќе треба појасно да ги прикажуваат дополнителните трошоци, особено за рачниот багаж, со цел патниците полесно да ги споредуваат цените.

Дополнително, се воведуваат и мерки за подобра заштита на семејствата кои патуваат со деца. Според предлогот, возрасно лице ќе може да седи до детето со кое патува без дополнителни трошоци за избор на седиште.

Во пакетот се предвидени и подобри решенија за патниците кои пропуштиле конекции, како и задржување на можноста за користење класични бординг-карти, без задолжително користење мобилни апликации.

Предлогот ќе биде разгледуван и од Европскиот парламент, но засега останува јасно дека патниците и понатаму ќе ги задржат едни од најсилните права за заштита во авио-сообраќајот.