ПРВ.мк
Свет

Божиќен бонус од 740 евра за вработените: Парите мора да им легнат на сметките до 18 декември

Божиќен бонус од 740 евра за вработените: Парите мора да им легнат на сметките до 18 декември

Вработените во Словенија годинава ќе добијат дополнителни пари пред новогодишните и божиќните празници. Со законски воведениот задолжителен зимски регрес, работниците кои биле вработени во текот на целата година со полно работно време имаат право на најмалку 740,94 евра божиќен бонус.

Овој надоместок повеќе не зависи од добрата волја на работодавачите, туку претставува законска обврска која важи за приватниот и јавниот сектор.

Висината на бонусот е директно поврзана со минималната бруто-плата во Словенија, која за 2026 година изнесува 1.481,88 евра. Според законските одредби, зимскиот регрес изнесува половина од минималната плата, односно 740,94 евра.

Право на целиот износ имаат вработените кои цела година работеле со полно работно време. Оние кои биле вработени само дел од годината или работеле со скратено работно време, по правило ќе добијат пропорционален износ, во согласност со законските услови.

Работодавачите имаат обврска да го исплатат бонусот најдоцна до 18 декември 2026 година, освен во законски предвидените исклучоци, кога може да се одобри подоцнежна исплата поради неликвидност.

Со оваа мерка, Словенија им обезбедува на вработените дополнителен приход во периодот кога семејните трошоци традиционално се зголемуваат поради празниците.

Зимскиот регрес е посебен надоместок, независен од редовната месечна плата, а неговата исплата е задолжителна согласно словенечкото законодавство.