ПРВ.мк
Црна Хроника

Скопјанка побарала помош од полицијата: Тврди дека била нападната од две блиски лица

Скопјанка побарала помош од полицијата: Тврди дека била нападната од две блиски лица

Во полицијата во Скопје синоќа бил пријавен случај на физичко насилство врз 32-годишна жена, која тврди дека била нападната од својот вонбрачен сопруг и неговата сестра.

Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот се случил во дом на подрачјето на Бит Пазар, а пријавата била поднесена во Секторот за внатрешни работи Скопје во 20:25 часот.

Жената во пријавата навела дека физички ја нападнале нејзиниот вонбрачен партнер и неговата сестра.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за утврдување на сите околности и целосно расчистување на случајот.