ПРВ.мк
Свет

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЗЕЛЕНСКИ: „Намали ги тензиите или остануваш без оружје!“

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЗЕЛЕНСКИ: „Намали ги тензиите или остануваш без оружје!“

Високи претставници на НАТО го предупредиле украинскиот претседател Володимир Зеленски дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ги загрози испораките на американско оружје за Украина во рамките на програмата PURL, доколку не се намалат тензиите во односите меѓу Вашингтон и Киев, објави синоќа „Блумберг“, повикувајќи се на извори од Алијансата.

Според наводите на еден од изворите, високи функционери на НАТО се загрижени дека односите меѓу Володимир Зеленски и Доналд Трамп можеби веќе не можат да се поправат, што би можело директно да ја загрози способноста на Украина да се брани.

„Претставниците на НАТО ја повикаа Украина да се обиде да ги намали тензиите во односите со САД. Доколку Зеленски не го стори тоа, имајќи ја предвид непредвидливоста на Трамп, би можеле да бидат загрозени и испораките на американско оружје кои главно ги финансираат европските земји во рамките на програмата PURL“, изјавил функционер на Алијансата за „Блумберг“.

Според истиот извор, европските земји зад кулисите се обидуваат да ги поправат односите со администрацијата на Трамп. Друг извор наведе дека засега нема конкретни планови за патување на европски претставници во Вашингтон, иако такви посети беа организирани за време на претходните спорови меѓу Зеленски и Трамп.

До заострување на односите меѓу Трамп и Зеленски дојде откако Трамп постигна договор со рускиот претседател Владимир Путин за рускиот извоз на дизел гориво, како и поради неговата одлука да ги суспендира санкциите против рускиот енергетски сектор.

Трамп во меѓувреме во повеќе наврати повика на одржување избори во Украина, смена на Зеленски, како и на итно завршување на војната.

Најнови вести