ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци гради општина на еднакви можности: Дневниот центар за лица со попреченост наскоро ги отвора вратите

Кавадарци гради општина на еднакви можности: Дневниот центар за лица со попреченост наскоро ги отвора вратите

Изградбата на новиот Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост во Кавадарци се наоѓа во својата завршна фаза. Со овој капитален проект, општината прави уште еден голем чекор кон подобрување на социјалната заштита и создавање поинклузивна заедница за сите свои граѓани.

Покрај финалните градежни активности на самиот објект, во моментов интензивно се работи и на партерното уредување на просторот околу него. Целта е да се обезбеди целосно пристапна, модерна и функционална средина соодветно прилагодена за потребите на идните корисници.

Капацитет за 40 корисници и инвестиција од над 40 милиони денари

Новиот Дневен центар ќе располага со капацитет за згрижување и поддршка на 40 корисници. Вкупната вредност на оваа значајна инвестиција изнесува 40.856.910 денари.

Овој објект ќе овозможи соодветна дневна грижа, стручна поддршка и подобри услови за социјализација и активно вклучување на лицата со попреченост во општествениот живот.

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проекти кои градат заедница на еднакви можности, вистинска грижа и поддршка за сите категории граѓани.

Најнови вести