ПРВ.мк
Свет

БАБА ЗАВРШИ НА СУД: Доби тужба од сопствената ќерка!

БАБА ЗАВРШИ НА СУД: Доби тужба од сопствената ќерка!
Kristal

Баба од Данска е осудена на условна затворска казна откако нејзината ќерка ја пријавила во полиција за објавување фотографии од породувањето на социјалните мрежи без нејзина дозвола.

Фотографиите прикажувале не само новороденче, туку и мајката за време на самото породување. Првпат се појавиле на Фејсбук во ноември, а повторно неколку години подоцна, кога детето веќе било во прво одделение.

Мајката била шокирана кога ги видела објавите со натпис „Моето прво внуче“, бидејќи никогаш не очекувала дека приватните моменти од породилната сала ќе станат јавно достапни.

Според данската ТВ 2, бабата го снимала породувањето и објавила четири фотографии на интернет без согласност од ќерката. Откако мајката побарала отстранување на содржината, фотографиите биле избришани.

Меѓутоа, кога бабата дознала дека пријавата може да доведе до кривична постапка, ги објавила повторно истите фотографии. Поради тоа, ќерката поднела официјална пријава до полицијата за нарушување на приватноста.

Случајот стигнал до Окружниот суд во Оденсе, каде бабата, иако не присуствувала на судењето, била осудена на 14 дена затвор условно. Покрај тоа, и било наложено да исплати на ќерката околу 1.200 евра отштета.

Ова не е прв ваков случај во Европа. Во 2020 година, холандски суд пресуди против баба која објавила фотографии од своите внуци без дозвола од родителите. Во двата случаи, судовите заклучиле дека фотографиите биле објавени на поширока публика и претставуваат повреда на приватноста на децата и родителите.

FixCredit
Atensa 300
Escape