САД одобрија продажба на воена опрема на Германија во вредност од околу 10 милијарди евра, соопшти Стејт департментот.
Како што се наведува, одобрението е издадено по барање на германската влада и е дел од пошироката политика за зајакнување на капацитетите на сојузниците во НАТО, пренесува германскиот медиум „Шпигел“.
Сепак, конечната реализација на договорот сè уште зависи од Конгресот на САД, кој има можност да поднесе приговор.
Пакетот опрема опфаќа осум интегрирани системи за борбено управување, современи радарски системи и ракетни фрлачи, со цел зајакнување на поморската одбрана и подобра интеграција со НАТО силите.
Според најавите, главни изведувачи во договорот се американските одбранбени компании „Lockheed Martin“ и „RTX Corporation“, а целта е унапредување на одбранбената способност на Германија и зајакнување на соработката во рамки на алијансата.










