ПРВ.мк
Свет

Авиони од флотата што го превезува Путин заглавиле над Москва – не се знае во кој бил рускиот претседател

Авиони од флотата што го превезува Путин заглавиле над Москва – не се знае во кој бил рускиот претседател

Сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај беа регистрирани во Москва во петокот, откако руските власти воведоа ограничувања на сите четири главни аеродроми поради безбедносна закана од воздух.

Руската Федерална агенција за воздушен транспорт потврди дека привремено биле ограничени полетувањата и слетувањата на аеродромите Внуково, Домодедово, Шереметјево и Жуковски. Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 15 беспилотни летала кои се движеле кон Москва. 

Паралелно, независниот руски канал „Астра“ и украински медиуми објавија информации дека покрај дронови биле забележани и мали воздушни балони. Овие наводи не се потврдени во целост од руските официјални институции. 

Особено внимание предизвикале движењата на повеќе авиони од специјалната владина флота „Русија“, која се користи за превоз на претседателот Владимир Путин и други високи државни функционери.

Според податоците од сервисите за следење летови, повеќе авиони од оваа флота, кои се враќале од Туркменистан, не можеле веднаш да слетаат во Москва и извесно време кружеле над московскиот регион. Најмалку три авиони пристигнувале од Туркменбаши, каде Путин учествувал на самит на Заедницата на независни држави. 

Два авиона Ил-96 подоцна слетале на Внуково, додека трет бил пренасочен кон Санкт Петербург, по што повторно полетал кон Москва.

Сепак, останува непотврдено во кој конкретен авион се наоѓал Владимир Путин. Поради тоа, информациите дека токму авионот со рускиот претседател „не можел да слета“ засега треба да се третираат како непотврдени. 

Ограничувањата предизвикале значителни проблеми во цивилниот воздушен сообраќај. „Аерофлот“ потврди дека дел од летовите биле одложени или откажани, а некои авиони биле упатувани кон резервни аеродроми. 

Во текот на вечерта ограничувањата постепено биле укинувани, а московските аеродроми почнале да се враќаат во нормален режим на работа. Interfax.ru

Точниот обем на нападот, потеклото на сите летечки објекти и информацијата