ПРВ.мк
Магазин

Пред бракот со Мики имала позната љубов: Светлана Црнокрак се присети на почетоците на кариерата

Пред бракот со Мики имала позната љубов: Светлана Црнокрак се присети на почетоците на кариерата

Светлана Црнокрак се присети на една од љубовните приказни од почетоците на својата кариера, откривајќи дека повеќе од две години била во врска со познат македонски фолк-пејач.

Гостувајќи во емисијата „Кафе муабети“, таа отворено зборуваше за периодот кога била актуелна мисица и ги правела првите чекори во јавниот живот.

Како што раскажа, нивната врска траела околу две и пол години и во тоа време привлекувала големо внимание во домашните медиуми.

Поради нивната различна појава и големата популарност, тогашните весници ги нарекувале „Убавицата и ѕверот“, а парот бил честа тема во естрадните рубрики.

„Бевме во врска можеби две и пол години. Беше тоа во периодот кога бев актуелна мисица и ги правев чекорите во кариерата“, се присети Црнокрак.

Таа откри дека и покрај тоа што нивната љубовна приказна одамна завршила, денес имаат коректен и пријателски однос.

„Со Благоја и денес сме во одлични, коректни и пријателски односи и многу се почитуваме“, изјави Светлана.

Црнокрак денес е во брак со Мики Црнокрак, а приказната за нејзината стара љубов повторно го привлече вниманието по нејзиното телевизиско гостување.