ПРВ.мк
Магазин

Му се влошила состојбата на Саша Ковачевиќ по операцијата – одложени неколку концерти

Му се влошила состојбата на Саша Ковачевиќ по операцијата – одложени неколку концерти

Здравствената состојба на српскиот пејач Саша Ковачевиќ се влошила по операцијата на стапалото на која бил подложен пред околу 20 дена, поради што неколку негови претстојни концерти се одложени.

Информацијата ја потврдил неговиот менаџмент преку соопштение објавено на социјалните мрежи.

Од тимот на Ковачевиќ информирале дека пејачот моментално не е во можност да настапува во првично закажаните термини поради влошување на состојбата по хируршката интервенција.

Поради тоа се одложени концертите закажани за 16 октомври во Крагуевац, 17 октомври во Шабац, 23 октомври во Риека и 24 октомври во Пула.

Новите датуми ќе бидат објавени дополнително, а веќе купените билети ќе важат и за новите термини.

Ковачевиќ неодамна бил опериран на стапалото, но само три дена по интервенцијата сепак одржал концерт во Мајданпек.

Поради болките и имобилизираната нога, поголемиот дел од настапот го поминал седејќи на стол.

Сепак, по дополнителното влошување на состојбата, неговиот лекар и тимот процениле дека е неопходна пауза за закрепнување и намалување на ризикот од дополнителни компликации.

Од менаџментот изразиле надеж дека Ковачевиќ наскоро ќе се опорави и ќе може да ги продолжи концертните активности.

Засега не се објавени дополнителни медицински детали за неговата состојба.