Демократски државен сенатор и неговата сопруга се ранети. Напаѓачот бил облечен како полицаец
Во Минесота се случи шокантна трагедија – истакната демократска конгресменка, Мелиса Хортман, и нејзиниот сопруг Марк беа убиени во наводно политички мотивирано пукање. Во истиот инцидент, друг демократски сенатор и неговата сопруга беа повредени во вооружен напад.
Гувернерот Тим Волц потврди дека пукањето изгледа како политички мотивирано убиство. Хортман беше висока функционерка во државниот Претставнички дом и поранешна претседателка на ова тело.
Напаѓачот се маскирал во полицаец, носел униформа и користел возило што изгледало како полициско, што му овозможило да се приближи до жртвите. Полицијата ги предупреди другите официјални лица кои биле наведени на списокот што го носел напаѓачот, а се спроведуваат мерки за заштита.
Гувернерот Волц ја опиша Хортман како голем јавен службеник и добар пријател, нагласувајќи ја загубата што ја предизвика оваа трагедија. Сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга, кои беа застрелани, се на интензивна нега и се очекува да преживеат.
Полицијата сè уште го бара вооружениот напаѓач, а градот Бруклин Парк останува под наредба за засолниште. Истражните органи ја разгледуваат мотивацијата, додека владините претставници повикуваат на мирен политички дијалог и осудуваат насилство.
Претставничкиот дом на Минесота е тесно поделена политички, а овој напад го потресе политичкиот амбиент во државата и во целата земја. ФБИ ја презема истрагата и најави цврст одговор на инцидентот.