ПРВ.мк
Свет

Зеленски алармира – Русија собра 100.000 војници и се подготвува за голема офанзива во Украина

Зеленски алармира – Русија собра 100.000 војници и се подготвува за голема офанзива во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди на можна офанзива од Русија, откако Москва концентрирала околу 100.000 војници во близина на градот Покровск, во источна Украина. Зеленски ја оцени ситуацијата како „највознемирувачка“ и истакна дека Русија „во секој случај подготвува офанзивни акции“.

Тој исто така повика на зајакнување на меѓународниот притисок врз рускиот претседател Владимир Путин, особено по последниот руски напад врз Киев, во кој загинаа 23 лица, вклучувајќи и цивили. Зеленски нагласи дека сојузниците треба да бидат подготвени и да ја продолжат поддршката за Украина во одбрана од нови потенцијални напади.

Escape