ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) СПЕКТАКЛ НАД ЛОНДОН! „Црвените стрели“ го одбележаа роденденот на кралот Чарлс

(ВИДЕО) СПЕКТАКЛ НАД ЛОНДОН! „Црвените стрели“ го одбележаа роденденот на кралот Чарлс

Илјадници луѓе се собраа во центарот на Лондон за да ја проследат традиционалната воена церемонија „Trooping the Colour“, со која се одбележува официјалниот роденден на кралот Чарлс Трети.

Настанот, кој се смета за еден од најголемите кралски и воени спектакли во годината, кулминираше со впечатлив прелет на акробатската група „Црвени стрели“ (Red Arrows), кој го следеше и кралското семејство од балконот на Бакингемската палата.

Покрај кралот Чарлс и кралицата Камила, на балконот се појавија и принцот Вилијам со принцезата Кејт, како и нивните деца, што уште еднаш ја истакна кралската континуираност и иднината на монархијата.

Во текот на церемонијата, кралот и кралицата патуваа во отворена кочија низ улиците на Лондон, поздравени од огромен број граѓани. Годинава честа за претставување на воените знамиња ја имаше Гренадирската гарда, а кралот носеше нивна официјална униформа со повеќе одликувања.

Посебно внимание привлече и потпоручникот Алек Гошен, чија висина и традиционална униформа го направија една од најзабележливите фигури на парадата.

И покрај свечената атмосфера, настанот беше проследен и со протестни активности на антимонархистички групи, кои накратко се појавија во близина на маршутата и пред палатата, но беа брзо отстранети од полицијата.

Оваа церемонија има традиција долга со векови, а официјалниот роденден на британскиот монарх се слави во лето без оглед на вистинскиот датум на раѓање, со цел да се обезбедат подобри услови за јавни прослави.

ВИДЕО