ПРВ.мк
Свет

ВО БЕЛАТА КУЌА СЕ ОБЛОЖУВААТ КОГА ТРАМП ЌЕ ГО СМЕНИ МОЌНИОТ МИНИСТЕР: Низа гафови ја доведоа во прашање неговата функција

ВО БЕЛАТА КУЌА СЕ ОБЛОЖУВААТ КОГА ТРАМП ЌЕ ГО СМЕНИ МОЌНИОТ МИНИСТЕР: Низа гафови ја доведоа во прашање неговата функција

Вработени во Белата куќа наводно започнале интерно обложување за тоа уште колку долго американскиот министер за внатрешна безбедност, Марквејн Малин, ќе остане на функцијата, по низата контроверзни изјави и постапки што предизвикале незадоволство во администрацијата на Доналд Трамп.

Според „Вашингтон пост“, позицијата на Малин станала неизвесна по неговите јавни настапи поврзани со технолошките прекини во американскиот воздушен сообраќај, како и по неговото сведочење пред комитет на Претставничкиот дом.

Министерот се најде на удар на критики поради патување на натпревар во американски фудбал, само еден ден по прекинот на воздушниот сообраќај низ земјата.

Дополнителни реакции предизвикал неговиот настап на „Фокс њуз“, каде што сугерирал дека вештачката интелигенција можеби стои зад падот на системот за контрола на воздушниот сообраќај.

Според американските медиуми, по оваа изјава му биле ограничени телевизиските настапи во најгледаните термини.

Трамп засега го брани министерот

И покрај шпекулациите за неговата смена, американскиот претседател јавно застанал во одбрана на Малин, посочувајќи дека тој добро ја извршува својата работа.

„Тој е добар човек. Работи многу напорно. Имаме добра влада“, изјавил Трамп.

Дополнително внимание предизвикало и петдневното патување на министерот во Јордан, Азербејџан и Обединетите Арапски Емирати, за кое Трамп, според медиумските извештаи, делувал изненадено.

Иако американските медиуми пишуваат за тензии меѓу Малин и Белата куќа уште од јули, засега нема официјална потврда дека претседателот планира негова смена.