ПРВ.мк
Свет

КЛИЧКО СО ОСТРА ПОРАКА ДО ПУТИН И РУСИЈА: Стравува од најцрното сценарио кое Украина веќе еднаш го преживеала - дали и се спрема истото?

КЛИЧКО СО ОСТРА ПОРАКА ДО ПУТИН И РУСИЈА: Стравува од најцрното сценарио кое Украина веќе еднаш го преживеала - дали и се спрема истото?

Украинскиот народ повторно е принуден да се бори за сопствениот опстанок и за својата држава, порача градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, по повод одбележувањето на жртвите на Холодоморот од 1932 и 1933 година.

Во обраќање објавено на неговиот канал на Телеграм, Кличко потсети на милионите Украинци кои починале од глад за време на советскиот режим, обвинувајќи ги тогашните власти дека намерно предизвикале глад со катастрофални последици за населението.

Тој посочи и на гладот во периодите од 1921 до 1923 година и од 1946 до 1947 година, оценувајќи дека станувало збор за последици од политиките на тоталитарниот режим.

„ПОЧТИ ЕДЕН ВЕК ПОДОЦНА, ПОВТОРНО СЕ БОРИМЕ ЗА ОПСТАНОК“

Кличко направи паралела меѓу историските трагедии и актуелната војна, истакнувајќи дека украинскиот народ и денес се соочува со борба за опстанок.

„Речиси еден век подоцна, украинскиот народ повторно е принуден да се бори за својот опстанок и за својата држава“, порача градоначалникот на Киев.

Тој ја обвини Русија дека продолжува со напади врз украинското население, градовите и критичната инфраструктура, со цел граѓаните да останат без електрична енергија и греење.

Кличко оцени дека станува збор за повторување на геноцид врз украинскиот народ.

На крајот од пораката нагласи дека Украинците се борат за правото да живеат на сопствената земја, да бидат слободни во демократска држава и самостојно да одлучуваат за својата иднина.

„Вечна слава на споменот на сите невини жртви – Украинците измачувани со глад“, порача Кличко.

Најнови вести