ПРВ.мк
Свет

СКАНДАЛ НА ФУДБАЛСКИОТ ТЕРЕН: Полицијата упадна на тренинг и уапси фудбалер!

СКАНДАЛ НА ФУДБАЛСКИОТ ТЕРЕН: Полицијата упадна на тренинг и уапси фудбалер!

Вистинска драма се случила за време на фудбалски тренинг во Бразил, кога полициски припадници влегле на теренот и со лисици го привеле 30-годишниот напаѓач Давид Кореа да Фонсека, познат под прекарот „ДВД“.

Бразилските истражители го сомничат фудбалерот за обид за убиство, членство и финансирање вооружена криминална организација, трговија со дрога и оружје, како и за влијание врз сведоци. Истрагата наводно го поврзува со озлогласениот наркокартел „Командо Вермелјо“ (Црвена команда).

Според обвиненијата што се истражуваат, Кореа наводно нарачал и убиство на својот поранешен менаџер, поради сомневање дека го измамил и му украл 700.000 бразилски реали, односно околу 115.000 евра. Планираното злосторство било спречено благодарение на претходни апсења во рамки на истрагата за криминалната група.

Во истата акција приведен и друг фудбалер

Акцијата е дел од втората фаза на големата полициска операција „А Тропа“ (Трупа), која ја спроведува Цивилната полиција на бразилската сојузна држава Еспирито Санто.

Во рамки на истата операција е опфатен и професионалниот фудбалер Хајнер, десен бек на Вила Нова, кој настапува како позајмен играч од Сантос. Тој се предал во полицијата во Гојанија, во придружба на својот адвокат.

Двајцата фудбалери потекнуваат од Еспирито Санто, се познаваат од детството и категорично ги отфрлаат обвиненијата.

Според наводите во истрагата, полицијата во телефонот и податоците зачувани на облак-сервис на Кореа пронашла фотографии и видеоснимки на кои позира со пиштоли и автоматски пушки на кои имало изгравирани ознаки на картелот.

Истрагата трае од август

Сомнежите против напаѓачот на Васко да Гама се истражуваат уште од август, кога тој првпат бил сослушан, а полицијата извршила претрес во неговиот луксузен дом во елитната населба Бара да Тижука.

На крајот на октомври му бил одземен пасошот и му било забрането да ја напушта земјата. Сепак, судот сега проценил дека овие мерки не се доволни, поради сомневањата дека фудбалерите се обиделе да поткупат и заплашуваат сведоци.

Истрагата продолжува, а обвиненијата против фудбалерите засега остануваат предмет на постапката.

Најнови вести