ПРВ.мк
Црна Хроника

Со сила влегол во куќа и одзел повеќе предмети – полицијата го открила осомничениот, еве што се пронајде кај него!

Со сила влегол во куќа и одзел повеќе предмети – полицијата го открила осомничениот, еве што се пронајде кај него!

На 27 ноември 2026 година, во 21:04 часот, во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во периодот од 26 до 27 ноември, со употреба на сила, било провалено во куќа во Крива Паланка, сопственост на Н.А., при што биле одземени повеќе предмети.

По преземените мерки и активности, полициските службеници од ОВР Крива Паланка го пронашле осомничениот Р.Б. (31) од Крива Паланка.

При службениот разговор со полицијата, 31-годишникот го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести