Полицијата поднесе кривична пријава против 47-годишен жител на селото Чифлик, општина Чешиново-Облешево, поради сомнение дека преку коментар објавен на социјална мрежа промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднело кривична пријава против Д.Н. (47).
Тој се сомничи за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, предвидено во член 394-г од Кривичниот законик.
Според пријавата, на 17 ноември 2026 година, под објава на портал на социјална мрежа, пријавениот оставил коментар со кој, според полицијата, промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
Случајот е доставен до надлежното Основно јавно обвинителство во Штип за понатамошно постапување.






