ПРВ.мк
Црна Хроника

КРАЖБА ВО КАСАРНА ВО КУМАНОВО: Влегле во помошен објект и одзеле метални предмети - еве колку лица се приведени!

КРАЖБА ВО КАСАРНА ВО КУМАНОВО: Влегле во помошен објект и одзеле метални предмети - еве колку лица се приведени!

Двајца жители на кумановското село Романовце биле лишени од слобода откако биле пријавени дека заедно со уште едно машко лице влегле во помошен објект во рамките на касарна во Куманово и одзеле повеќе метални предмети.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 27 ноември 2026 година, околу 19:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги привеле М.Н. (37) и Б.Н. (36), двајцата од селото Романовце.

Полицијата постапила по претходна пријава дека истиот ден двајцата, заедно со уште едно машко лице, влегле во помошен објект во склоп на касарната во Куманово, од каде што одзеле повеќе метални предмети.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести