Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на различни локации низ државата лишиле од слобода пет лица поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.
Според информациите од полицијата, тројца од приведените управувале возила без претходно положен возачки испит. Станува збор за Е.А. (26) од Скопје, Р.Б. (27) од селото Сингелиќ, скопско, и М.Н. (46) од Кичево.
Друг случај е регистриран кај С.В. (38) од Виница, кој управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување.
Во Виница бил лишен од слобода и Р.А. (58), кој управувал патничко возило под дејство на алкохол, при што предизвикал сообраќајна незгода.
По целосно документирање на сите случаи, против петтемина ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.






