ПРВ.мк
Црна Хроника

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ! Ја тепал партнерката и ја принудувал да оди со други мажи за пари - полицијата откри мрачни детали!

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ! Ја тепал партнерката и ја принудувал да оди со други мажи за пари - полицијата откри мрачни детали!

Четириесетгодишен маж од Тетово е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата 27-годишна вонбрачна партнерка, но и дека ја принудувал да оди со други мажи и да не се враќа дома без пари.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен на 27 ноември 2026 година, а полициските службеници од СВР Тетово го привеле Н.К. (40) околу 20:20 часот.

Постапувајќи по пријавата, полицијата утврдила дека станува збор за сериозни обвинувања за насилство и принуда. Според пријавеното, мажот ја терал 27-годишната жена да оди со други мажи и да не се враќа дома доколку не донесе пари. Парите што ги добивала од питачење, наводно, била принудена да му ги предава.

За случајот бил известен и Центарот за социјални работи во Тетово, кој треба да се погрижи за соодветно сместување и заштита на жената.

Осомничениот бил задржан во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Надлежните институции продолжуваат со постапувањето по овој случај.

Најнови вести