ПРВ.мк
Црна Хроника

19-ГОДИШНИ СОПРУГИ ПРИЈАВИЛЕ НАСИЛСТВО: Едната добивала закани, другата била нападната од сопругот и неговите родители - насилниците не запираат!

19-ГОДИШНИ СОПРУГИ ПРИЈАВИЛЕ НАСИЛСТВО: Едната добивала закани, другата била нападната од сопругот и неговите родители - насилниците не запираат!

Два случаи поврзани со семејно насилство биле пријавени на 27 ноември 2026 година во Прилеп и Охрид, при што полицијата презема мерки за нивно расчистување.

Во првиот случај, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.С. (30) од село во општина Кривогаштани. Постапката следувала по претходна пријава дека тој ѝ упатувал закани на својата 19-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Вториот случај бил пријавен во 15:40 часот во СВР Охрид. Деветнаесетгодишна жена од охридско пријавила дека во домот на нејзиниот невенчан сопруг Н.Д. во Охрид била физички нападната од него, како и од неговите родители, Л.Д. и З.Д.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Најнови вести