ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“: Има повредени - интервенирале повеќе болници

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ „МАЈКА ТЕРЕЗА“:  Има повредени - интервенирале повеќе болници

Три патнички возила учествувале во сообраќајна несреќа на автопатот „Мајка Тереза“, во близина на клучката Радишани, при што две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште двајца возачи поминале со телесни повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 27 ноември 2026 година, во 18:45 часот, во СВР Скопје.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.И. (31) од Скопје, автомобил „Ауди“ со косовски регистарски ознаки, управуван од А.Љ. (59) од Косово, како и патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш. (47) од Скопје.

Најтешко поминале возачот на „Ауди“ и неговата сопатничка Ф.Љ. (63), двајцата од Косово, кои се здобиле со тешки телесни повреди.

Телесни повреди им биле констатирани и на другите двајца возачи, П.И. и Ш.Ш.

Повредените биле прегледани и медицински згрижени во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје. Причините и околностите под кои дошло до судирот се утврдуваат.

Најнови вести