Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел наскоро да го прогласи стратешки важниот Ормуски теснец за „територија на Соединетите Американски Држави“, во време на силни тензии и воен конфликт со Иран. Неговата изјава од 14 август ја пренесоа и Reuters и Fox News.
Трамп, говорејќи во Њујорк, изјави дека таков потег би можел да следува по завршувањето на конфликтот со Иран, за кој тврди дека е сериозно ослабен. Тој не наведе како евентуално прогласување на теснецот за американска територија би било спроведено.
Неколку дена претходно Трамп веќе тврдеше дека САД имаат „целосна контрола“ врз Ормускиот теснец, повикувајќи се на американската поморска блокада. Иран, од друга страна, го оспорува американското тврдење за контрола врз овој стратешки морски премин.
Американскиот претседател рече и дека воената сила ја употребил повеќе отколку што првично сакал, но повтори дека неговата политика има цел да го спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје.
Ормускиот теснец е еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на енергенси, а сегашните тензии веќе сериозно го намалија бродскиот сообраќај низ него.









