ПРВ.мк
Свет

НОВА ТЕНЗИЈА МЕЃУ МОСКВА И ВАШИНГТОН: САД МУ ОДБИЈА ВИЗА НА ВИСОК РУСКИ ДИПЛОМАТ

НОВА ТЕНЗИЈА МЕЃУ МОСКВА И ВАШИНГТОН: САД МУ ОДБИЈА ВИЗА НА ВИСОК РУСКИ ДИПЛОМАТ

САД не му издале виза на заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Алимов, поради што тој нема да може да присуствува на настаните во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Информацијата денеска ја потврдија и руските власти.

Алимов, кој во руското Министерство за надворешни работи го покрива правецот поврзан со работата на ОН, изјави дека неиздавањето виза „не е причина за гордост“ за САД како земја-домаќин на седиштето на Обединетите нации.

Одлуката предизвика реакција и од Кремљ. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ја оцени како уште еден „непријателски чин“ кон Русија.

Според Песков, Москва смета дека ваквата постапка е спротивна на обврските што САД ги имаат како држава-домаќин на седиштето на ОН. Тој најави дека прашањето за неиздадената виза ќе биде отворено и во рамки на контактите меѓу Русија и САД.

Генералната дебата на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН започна денеска, 22 септември, во Њујорк и ќе трае до 28 септември.