ПРВ.мк
Свет

ТРАМП БЕСЕН НА НЕТАНЈАХУ ПО НАПАДОТ :„ЗОШТО ГО НАПРАВИ ТОА, БИБИ?“

ТРАМП БЕСЕН НА НЕТАНЈАХУ ПО НАПАДОТ :„ЗОШТО ГО НАПРАВИ ТОА, БИБИ?“

Во нова ескалација на тензиите меѓу САД и Израел, американскиот претседател Доналд Трамп изрази незадоволство поради израелскиот напад на Бејрут, кој се случил во момент кога, според него, биле во финална фаза преговорите за договор со Иран.

Трамп во интервју за американски медиуми изјави дека бил изненаден од нападот и дека веднаш реагирал кај израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, при што не криел лутина поради развојот на настаните.

„Зошто го направи тоа Биби? Бев многу лут. Му кажав дека тоа не беше мудар потег“, изјавил Трамп, алудирајќи на израелскиот премиер.

Според неговите зборови, израелскиот удар довел до привремено одложување на потпишувањето на договорот меѓу САД и Иран, кој, како што тврди, бил блиску до финализирање. Тој додал дека нов термин за продолжување на преговорите бил брзо утврден.

Трамп нагласил дека американската администрација и понатаму работи на постигнување договор кој би можел да донесе стабилност во регионот и да спречи понатамошна ескалација на конфликтот.

Тој исто така истакнал дека договорот би можел да биде корисен и за Израел, бидејќи би ја намалил опасноста од развој на нуклеарно оружје во Иран и би вовел построги контроли и инспекции.

Ситуацијата дополнително ги заостри односите меѓу клучните актери на Блискиот Исток, додека меѓународната заедница со загриженост ги следи последните случувања.