ПРВ.мк
Свет

Израел итно предупреди: Иранците веднаш да се евакуираат и да не се враќаат

Израел итно предупреди: Иранците веднаш да се евакуираат и да не се враќаат

Во услови на растечки тензии меѓу Израел и Иран, израелската војска упати јасна порака до иранските цивили што се наоѓаат во близина на воени и индустриски објекти. Портпаролот Авијај Адраее преку социјалните мрежи повика сите да ги напуштат тие области веднаш и да не се враќаат сè додека не добијат друго известување.

„Сите кои се или ќе бидат во близина на капацитети за производство на оружје, мора веднаш да ги напуштат тие подрачја“, порача Адраее.

Ова предупредување следи во време на засилени судири и закани за ново насилство меѓу двете земји, а аналитичарите го толкуваат како можно воведување во поширока воена операција. Израелската војска не откри дали има планирани конкретни напади.

Сподели го овој напис