ПРВ.мк
Свет

Ракета од Јемен пресретната над Израел – тензиите со Хутите растат

Ракета од Јемен пресретната над Израел – тензиите со Хутите растат
Escape

Израелската армија соопшти дека ракета истрелана од територијата на Јемен била „најверојатно успешно пресретната“ пред да стигне до цел на израелска територија. Нападот се случува во сенка на зголемената конфронтација со проиранското движење Хути, кое уште од почетокот на војната во Газа, во октомври 2023 година, изведува напади врз Израел како знак на поддршка за Палестинците.

Хутите, кои ја контролираат поголем дел од Јемен, не само што испукуваат ракети кон Израел, туку и редовно напаѓаат бродови во Црвеното Море – предизвикувајќи големи проблеми во глобалната трговија.

Иако најголем дел од нападите досега беа неутрализирани или не ги достигнале целите, израелските одговори не изостанаа. Тел Авив спроведе низа воздушни удари насочени кон позиции на Хутите во Јемен. Дополнително, Израел претходно предупреди дека ќе воведе поморска и воздушна блокада доколку нападите продолжат.

Mia Home Mavrovo