ПРВ.мк
Свет

Шок од Берлин: Германците носат нов закон – Европа на работ на воена трка?!

Шок од Берлин: Германците носат нов закон – Европа на работ на воена трка?!
Escape

Германската влада работи на нов закон со кој значително би се поедноставиле процедурите за набавка на воена опрема и би се забрзале процесите во одбранбениот сектор. Според нацрт-документ до кој дојде Ројтерс, законот има цел да одговори на сè посложените безбедносни предизвици, кои не се ограничуваат само на конфликтот во Украина.

Во текстот стои дека времето станува критичен фактор во донесувањето одбранбени одлуки, па затоа е неопходно поголемо темпо и флексибилност во набавките. Исто така, Берлин има намера да ја засили одбранбената интеграција со европските партнери.

Паралелно со тоа, Германија планира значително зголемување на одбранбениот буџет – од 95 милијарди евра во 2025 година на 162 милијарди евра до 2029 година, што би претставувало околу 3,5% од БДП.

Mia Home Mavrovo