ПРВ.мк
Свет

Историска одлука на ЕУ: Од 2026 целосна ЗАБРАНА ЗА РУСКИ ГАС во Европа! Еве ги деталите

Историска одлука на ЕУ: Од 2026 целосна ЗАБРАНА ЗА РУСКИ ГАС во Европа! Еве ги деталите

Советот на Европската Унија усвои историска мерка со која од 1 јануари 2026 година се воведува целосна забрана за транзит на руски гас низ територијата на ЕУ до трети земји. Оваа забрана претставува клучен чекор во стратегијата на Унијата за постигнување енергетска независност од Русија.

Според новите регулативи, купувачите од ЕУ нема да смеат да склучуваат нови договори за увоз на руски гас по 1 јануари 2026 година, а сите постоечки договори ќе мора да бидат раскинати најдоцна до крајот на 2027 година, без оглед на нивните оригинални рокови.

Министрите за енергетика од земјите членки дадоа широка поддршка на законот, а данскиот министер за енергетика Ларс Огард изјави: „Енергетската независност на Европа значи посилна и побезбедна Европа. Иако направивме големи чекори за да го намалиме влијанието на рускиот гас и нафта, оваа одлука е завршниот потег што ќе ја затвори страницата на европската зависност од руската енергија.“

И покрај тоа што од почетокот на воената агресија на Русија врз Украина увозот на руски гас е значително намален – од над 40% на само 13%, ЕУ сè уште годишно увезува гас во вредност од околу 15 милијарди евра.

Неколку земји, како Словачка и Унгарија, и натаму увезуваат гас преку цевководи, додека Белгија и Франција неодамна го зголемија увозот на руски течен природен гас (ЛНГ). Сепак, учеството на руската нафта во вкупниот увоз на Унијата веќе падна под 3 проценти, што покажува јасен тренд на енергетска диверзификација.

Со оваа историска забрана, Европската Унија ја зацврстува својата позиција кон целосна енергетска автономија, ставајќи крај на еден од најзначајните економски адути на Москва.

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape