ПРВ.мк
Свет

149 ЛУЃЕ ЗАРОБЕНИ НА ВУЛКАН! Спасувачите подготвуваат драматична хеликоптерска евакуација!

149 ЛУЃЕ ЗАРОБЕНИ НА ВУЛКАН! Спасувачите подготвуваат драматична хеликоптерска евакуација!

Вкупно 149 лица останале заробени во областа на вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако силното невреме го оштетило и уништило патот кој води до туристичката маршрута. Меѓу заглавените се наоѓаат 117 туристи, кои според најавите ќе бидат евакуирани со хеликоптери.

Преостанатите 32 лица се возачи и засега ќе останат на локацијата. Поради уништениот пат, туристите и нивните водичи не можат да го напуштат подрачјето по копнен пат, па надлежните организираат воздушна евакуација.

Планирано е туристите со хеликоптери да бидат пренесени до селото Есо. Оттаму, со автобуси ќе продолжат кон Петропавловск-Камчатски, со што ќе биде овозможено нивно безбедно враќање откако невремето го прекина копнениот пристап до вулканската туристичка зона.