ПРВ.мк
Свет

НЕ СЕ ПРЕДАВА НИ ЗАД РЕШЕТКИ: Првата порака на Мадуро од американскиот затвор - еве што им порача!

НЕ СЕ ПРЕДАВА НИ ЗАД РЕШЕТКИ: Првата порака на Мадуро од американскиот затвор - еве што им порача!
Kristal

Николас Мадуро Гера, син на уапсениот венецуелански претседател Николас Мадуро, изјави дека неговиот татко од притворската ќелија во Соединетите Американски Држави испратил порака дека тој и неговата сопруга Силија Флорес се во добра состојба и дека остануваат „борци“, и покрај сериозните обвиненија со кои се соочуваат.

Пораката била пренесена преку видео-снимка објавена од владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела, а според Мадуро Гера, зборовите на неговиот татко биле доставени преку адвокатите кои го посетиле во притвор. „Добро сме. Ние сме борци. Не бидете тажни“, гласи пораката што, како што наведува тој, Мадуро сакал да ја испрати до венецуелскиот народ. Веста ја пренесе францускиот весник „Фигаро“.

Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени на 3 јануари во рамки на воена операција спроведена од американските специјални сили. По апсењето, тие беа префрлени во притворска единица во Њујорк, каде што и натаму се задржани. Судскиот процес започна на 5 јануари, а двајцата се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата за учество во нелегална трговија со дрога и оружје.

Во меѓувреме, привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, упати остра политичка порака, истакнувајќи дека нема да се смири сѐ додека венецуелскиот претседател не биде вратен во земјата. Таа најави дека владата ќе преземе чекори за негово „спасување“, без да наведе конкретни детали за можните дипломатски или правни механизми.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја „откажал“ можноста за нов напад врз Венецуела, наведувајќи дека тоа е резултат на одредена „соработка“ од страна на Каракас. Сепак, Вашингтон порача дека ќе продолжи да „диктира“ одлуки, на што венецуелските власти возвратија дека земјата не е „подредена ниту покорна“ на Соединетите Американски Држави.

Во исто време, американскиот Стејт департмент издаде силно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Венецуела, а оние кои веќе се таму да ја напуштат земјата. Како причина беше наведена нестабилната безбедносна состојба и присуството на вооружени групи познати како „колективос“, кои, според САД, претставуваат сериозна закана за безбедноста на цивилите.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape