ПРВ.мк
Свет

„МОРА ДА БИДЕМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА БОРБА“: Алармантна порака од германската армија

„МОРА ДА БИДЕМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА БОРБА“: Алармантна порака од германската армија

Германија мора да биде подготвена за можен воен конфликт со Русија во следните години, предупреди генералниот инспектор на германската армија Кристијан Фројдинг.

Во изјава за „Политико“, тој нагласи дека според проценките на НАТО, Русија би можела да развие капацитет за напад врз некоја земја-членка на Алијансата до 2029 година, но предупреди дека такво сценарио не може целосно да се исклучи ниту порано.

„Мора да бидеме подготвени. Мора да бидеме подготвени за борба“, порача Фројдинг на воздушниот саем во Берлин.

Според него, сите 32 земји-членки на НАТО се согласуваат дека постои потреба од забрзано зајакнување на одбранбените капацитети, додека Европа работи на модернизација и зголемување на военото производство.

Германскиот генерал оцени дека и покрај големите загуби што Русија ги претрпе во војната во Украина, Москва и понатаму претставува потенцијална безбедносна закана за европските држави.

Тој посочи дека Германија веќе презема чекори за побрзи набавки на оружје и опрема, но нагласи дека не може да се потпира исклучиво на долгорочни програми за развој на нови системи.

„Брзината е од суштинско значење сега“, истакна Фројдинг, додавајќи дека армијата мора постојано да ги подобрува своите способности за можни итни безбедносни предизвици.

Неговите изјави доаѓаат во период кога европските земји сè почесто предупредуваат за потребата од поголема воена подготвеност и зајакнување на одбранбените капацитети во рамките на НАТО.