ПРВ.мк
Свет

ПРВИ СНИМКИ:Најсилен земјотрес во последните 40 години – луѓето во паника избегаа на улиците

ПРВИ СНИМКИ:Најсилен земјотрес во последните 40 години – луѓето во паника избегаа на улиците

Силен земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди вулканскиот регион Кампи Флегреи, во близина на Неапол, предизвикувајќи паника меѓу жителите и прекин на електричната енергија во делови од градот.

Според италијанските медиуми, станува збор за најсилниот земјотрес во овој регион во последните 40 години. Потресот бил почувствуван низ поголем дел од Неапол и околните населби, по што многу граѓани во страв ги напуштиле своите домови и излегле на улиците.

Засега нема информации за загинати или повредени лица, но пријавена е материјална штета. Според првичните информации, се урнал ѕид покрај железничката линија, а во областа Поцуоли дошло и до одрон на дел од ридот.

Поради потресот, во повеќе делови од Неапол дошло и до прекин на снабдувањето со електрична енергија, додека надлежните служби вршат проверки на објектите и инфраструктурата.

Кампи Флегреи е една од најактивните вулкански области во Европа и веќе подолго време е под засилен мониторинг поради честите земјотреси и постепеното издигнување на тлото, познато како брадисеизам. Сепак, сеизмолозите нагласуваат дека ваквата сеизмичка активност сама по себе не значи дека е неизбежна вулканска ерупција.

Локалните власти ги повикаа граѓаните да останат смирени, да избегнуваат непотребно движење во ризичните области и да ги следат официјалните информации додека продолжува следењето на состојбата.

Видео: