ПРВ.мк
Свет

Мелони и Зеленски во Рим договорија нешто што ќе ја затресе Русија!

Мелони и Зеленски во Рим договорија нешто што ќе ја затресе Русија!

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Рим, потврдувајќи дека Италија не само што продолжува со поддршката, туку и ја подигнува воената соработка на сосема ново ниво. Главната тема на средбата во престижниот Палацо Чиги беше развојот на заедничко производство на дронови.

Мелони беше децидна во својата изјава пред медиумите: поддршката за Украина е од витално значење за европската безбедност. Таа нагласи дека Италија има силен интерес за директно вклучување во производството на беспилотни летала со украинската воена индустрија, што се покажа како клучен фактор на бојното поле.

Покрај средбата со Мелони, Зеленски е предвидено да се сретне и со италијанскиот претседател Серџо Матарела. Ова е втора посета на Зеленски на Италија од почетокот на годината, што ја нагласува важноста на Рим како клучен сојузник на Киев.

Додека воените договори се потпишуваат сега, Рим веќе се подготвува за јули, кога е закажана голема меѓународна конференција посветена на обновата на Украина. Со овој потег, Мелони јасно става до знаење дека Италија планира да биде главен играч во иднината на Украина, како на воено, така и на економско поле.

Дали „италијанските дронови“ ќе бидат пресудниот фактор на фронтот? Едно е сигурно – сојузот меѓу Рим и Киев никогаш не бил посилен.