ПРВ.мк
Спорт

(ВИДЕО) НЕЈМАР ГО ЗАГУБИ ТРПЕНИЕТО: По натпреварот следеше хаос, а претседателот на противничкиот клуб не штедеше зборови!

(ВИДЕО) НЕЈМАР ГО ЗАГУБИ ТРПЕНИЕТО: По натпреварот следеше хаос, а претседателот на противничкиот клуб не штедеше зборови!

Натпреварот од осминафиналето во Купот на Бразил меѓу Ремо и Сантос заврши со победа на гостинскиот тим, но вистинската драма се случи по последниот свиреж.

Сантос славеше со минимални 1:0, а клучен момент беше црвениот картон за домашниот играч Марлон уште во 28. минута, по што Ремо мораше да продолжи со играч помалку. Нејмар влезе во второто полувреме и веднаш остави белег на играта – во 74. минута асистираше за Рони, кој го постигна единствениот погодок на средбата.

Сепак, наместо резултатот, најголемо внимание привлече ситуацијата по натпреварот. Камерите и сведоците забележале тензична атмосфера во тунелот пред соблекувалните, каде што Нејмар, видно расположен за провокација, наводно им се обратил на домашните со зборовите: „Елиминирани сте“.

Овој потег ги разлутил луѓето од таборот на Ремо, а ситуацијата за кратко време станала многу напната. Претседателот на клубот не го криеше незадоволството и упати остри критики кон бразилската ѕвезда.

„На Сантос не му треба вакво однесување. Нејмар, кого многу деца го гледаат како идол, направи циркус и дојде да ни се потсмева. Ние сме виновни што величаме луѓе кои се однесуваат на овој начин“, изјави претседателот на Ремо.

Инцидентот предизвика бројни реакции во бразилските медиуми, бидејќи Нејмар со години важи за еден од најголемите фудбалски таленти во земјата, но често се наоѓа во центарот на вниманието и поради случувања надвор од теренот.

Победата го однесе Сантос во следната фаза од натпреварувањето, но случувањата по мечот го засенија самиот фудбалски резултат.

ВИДЕО