Фудбалерот на белгискиот прволигаш Сент Унион, 22-годишниот Мохамед Фусеини, бил жртва на брутален напад и грабеж во центарот на Брисел. Инцидентот се случил во неделата наутро во квартот Дансерт, а безбедносните камери го снимиле целиот напад.
На снимката се гледа како група напаѓачи го извлекуваат Фусеини од неговиот автомобил. Додека тројца од нив го држат и насилно се обидуваат да му го одземат мобилниот телефон, останатите го пребаруваат возилото во потрага по вредни предмети.
Според белгискиот медиум HLN, од фудбалерот бил украден луксузен часовник Rolex Datejust, чија вредност се проценува меѓу 8.000 и 14.000 евра.
Бриселската полиција потврди дека е отворена истрага по пријавениот грабеж и работи на идентификување на сторителите.
Од Сент Унион соопштија дека Фусеини за среќа не се здобил со физички повреди, но нападот оставил силни психолошки последици и тој е видно потресен. Клубот додаде дека на својот фудбалер му е обезбедена целосна поддршка додека трае истрагата.








