Кристијано Роналдо потврди дека Светското првенство кое моментално се игра ќе биде неговото последно во кариерата, ставајќи крај на долгогодишните шпекулации околу неговата иднина во репрезентативниот дрес.
Четириесет и едногодишниот капитен на Португалија изјави дека без разлика на конечниот исход, ќе си замине со чувство дека дал сè од себе за националниот тим.
„Ова ќе биде моето последно Светско првенство. Што и да се случи, ќе си заминам со чиста совест бидејќи ѝ дадов на репрезентацијата сè што имав“, изјави Роналдо.
Португалија во осминафиналето ќе се соочи со Шпанија, а искусниот напаѓач порача дека неговата репрезентација има големи амбиции.
„Да не верувавме дека можеме да го освоиме Светското првенство, немаше ни да бидеме тука. Напредуваме од натпревар во натпревар, добро работевме и подготвени сме за многу тежок противник“, истакна Роналдо.
Иако потврди дека ова е негов последен настап на Мундијал, засега останува неизвесно дали легендарниот Португалец ќе настапи и на следното Европско првенство.








